По аргентинскиот триумф на Светското фудбалско првенство, меѓународниот печат ја Ñ �лави волшебната генијалност на Лионел Меси, но не ја заборава ниту другата ѕвезда на вчерашното епско финале, феноменалниот Килијан Мбапе.

„Лионел Меси го закачи своето знаме на врвот на Еверест“, наведува британскиот весник Тајмс, додавајќи оти аргентинскиот капитен, кој постигна два гола во финалето, „сега се вбројува меѓу најголемите во сите спортови“.

„Вечна слава на Меси“, е насловот во аргентинскиот спортски весник Оле, кој го отсликува општото расположение во Аргентина.

„Цел еден народ чекаше речиси две децении на крунисување на славната десетка, која ѝ се приклучи на Диего Марадона во Пантеонот на фудбалските богови, пишува Оле.

„Меси е гениј во обично тело, односно тело кое нема ништо атлетско во себе. Но, во фудбалот оваа телесна градба може да биде доволна доколку имате глава на уметник и нога на Бог“, пишува италијанскиот весник Газета дело спорт.

Комплименти на адреса на Меси изнесе и францускиот весник Ле Фигаро, нагласувајќи дека „како и Диего Марадона во своето време, Меси во неделата ја оправдал репутацијата како повеќе од идол на целиот народ“.

Во сличен стил пишува и шпанска Марка, наведувајќи дека 35-годишниот Меси ја „одвел Аргентина на врвот со марадонски настап“.

И во Бразил, големиот ривал на Аргентина, медиумите не штедеа комплименти за Меси и неговите соиграчи

„Светското првенство 2022 стави точка на расправата Меси или CR7 (Кристијано Роналдо). Сега е јасно дека Аргентинецот е најдобриот играч во последните 50 години, пишува бразилскиот весник UOL, не осмелувајќи се, притоа, да го спореди аргентинскиот капитен со „кралот“ Пеле.

За германскиот весник Зидојче Цајтунг, „Лионел Меси креирал вечно дело, освојувајќи ја првата титула светски првак во сино – белиот дрес“.

„Меси конечно е светски првак: голем настан во историјата на играта во која овој апсолутен уметник се приближува кон бесмртноста“, пишува француски Л“ Екип, кој само жали поради тоа што Меси не „одбрал друг ден“.

Весникот го истакнува хет-трикот на неверојатниот Мбапе‘, а и Зидојче Цајтунг му одава почит на Французинот и неговиот „индивидуален ефект за учебниците по историја на фудбалот“.

„Какво финале!“, воодушевено констатира германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, кој пишува за „луда вечер“ на две екипи кои минале „рај и пекол“.

OhridNews