Адриен Рабио и Дајот Упамекано, обајцата важни алки во составот на француската фудбалска репрезентација, ќе бидат подготвени за финалето на Светското првенство против Аргентина в недела од 16 часот.
И двајцата поради здравствени проблеми го пропуштија полуфиналето против Мароко. Упамекано имаше проблеми со воспаление на грлото, додека Рабио беше надвор од теренот против вироза.
Француските медиуми јавија дека Рабио и Упамекано вчера го одработиле редовниот тренинг со остатокот на екипата и ќе бидат подготвени за да помогнат во одбрана на светската титула против Аргентина.
И двете репрезентации в недела на стадионот во Лусаил ќе се обидат да ја освојат третата светска титула во својата историја.
Франција ја брани титулата од Русија 2018, додека Аргентина последен пат беше светски првак во 1986 година.
OhridNews