Полскиот судија Симон Марчинијак изјави оти е пресреќен по одлуката на ФИФА да му ја додели улогата на главен судија на утрешното финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција.
Фантастично, тоа ми беше сон уште од детските денови. Морам да бидам фокусиран на секоја секунда, да не губам концентрација. Очекувам одличен натпревар. Аргентина и Франција имаат големи играчи, рече 41-годишниот полски судија.
Марчинијак на Светското првенство во Катар веќе им судеше на двата финалисти, на Франција во победата над Данска во групната фаза (2-1), а на Аргентина во победата над Австралија со истиот резултат во осминафиналето.
Тоа што веќе им судев и на едните и на другите за мене секако е предност. Ги познавам екипите, тие мене ме познаваат и може да бидеме сигурни дека ќе завршиме добра работа, најави Марчинијак.
OhridNews