Намалена видливост во сообраќајот во Крива Паланка, Крушево, Стража, Буково и Плетвар поради појава на магла, а на државен пат А1, делница Велес – Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, известуваат од АМСМ.
Оттаму информираат дека поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16 декември, урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).
Додека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
OhridNews