Полицијата утврди дека се лажни дојавите за поставени бомби и во молот „Ист Гејт“, хотелите „Мериот“ и „Сенигалија“, салата „Борис Трајковски“ и во дел од училиштата, соопштија од МВР за МИА.

Полицијата претходно заврши со проверките на Скопскиот аеродром и дел од училиштата и исто така утврди дека станува збор за лажни пријави.

Од „ТАВ Македонија“ велат дека од страна на единиците на МВР е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добиле утрово.

Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред.

Утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и до Фудбалската федерација на Македонија, хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“, трговскиот центар „Ист Гејт“, спортска сала „Борис Трајковски“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

OhridNews