Вкупниот буџет на Општина Дебрца за 2023 година е проектиран на износ од 113.000.000 денари. Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти, информираат од Општина Дебрца.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината. Во буџетот за 2023 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други, велат во соопштението.
Додаваат дека на изготвувањето на буџетот претходела транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеле да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2023 година.
Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година и Годишните развојни програми на општината за 2023 година беа изгласани на 15-тата седница на Советот.
OhridNews