АД ЕСМ поднесе понуда за цена од 110 евра за мегават час место досегашните 143 евра на повикот за набавка на електрична енергија за потребите за техничките загуби во системот на Електродистрибуција, за количини од 437.566 мегават часови за периодот од јануари до јуни 2023 година.
Како што соопшти компанијата, на повикот на ЕВН Хоме за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар за количини од 2.043.095 мегават часови за периодот од јануари до јуни 2023 година АД ЕСМ се пријави со понуда од 56 место досегашните 48 евра за мегават час.
OhridNews