Џудистите од ЏК „Дрим” Струга се закитија со бројни медали на Државното првенство за помлади пионери/ки и јуниори/ки во Вевчани организирано од страна на Џудо федерација нa Македонија со техничка организација на ЏК “Дрим” Струга.
Учество зедовме со 27 џудисти од кои со медали се закитија 17 џудисти, освојувајќи 6 златни, 1 сребрен и 10 бронзени. Честитки за сите џудисти кои успеа да се искачат на пиедесталот и за џудистите кои храбро се бореа но за жал не успеа да се закитат со медал. Продолжуваме понатаму уште помотивирани, посилни и похрабри до поголеми успеси. Судејќи по резултатите, ни предстои блескава иднина!, велат од клубот.
Освоени медали:
златни
Анамарија Стојмиловска
Елеонора Јосифоска
Катерина Клењоска
Мила Стојанова
Мелани Јакуповска
Давид Спироски
сребрени
Ненад Костоски
бронзени
Мартина Салви
Елиф Тала
Божидар Јулоски
Лука Трца
Сергеј Калајџиески
Енил Ајдиноски
Мунир Ајдиноски
Амар Бајрамоски
Славјан Чатарошкоски
Ајлин Вајрамоска.
OhridNews