Џудистите од ЏК Дрим Струга се закитија со 6 медали од кои два златни, три сребрени и еден бронзен на двата меѓународни натпревари “Трофеј Зворника” и “Алексинав 2024”.

Со златен медал се закитија Мила Стојанова и Анамарија Стојмиловска, сребрен: Амар Бајрамоски, Мила Стојмиловска и Елеонора Јосифовска, додека бронзен медал освои Софија Матоска. Одличен настап имаа и Давид Спироски, Драгица Рафтоска, Јован Наумоски и Матеј Димитроски, но, не успеаа да се закитат со медали, велат од ЏК Дрим Струга.

Воедно изразуваат честитки до организаторите за организацијата и голема благодарност за гостопримството.

OhridNews