Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 43 седница. На дневен ред се 45 точки, меѓи кои и предлог-одлуката за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2024 година.
Советниците ќе расправаат и за поставување на станици за електрично полнење на автомобили, а се разгледува и предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за времено користење паркинг простор.
На дневен ред денеска ќе биде и предлог-одлуката за пренесување на правото на користење на трибина на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ сопственост на општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“, како и предлог-одлуки за давање согласност за измена на Годишниот план за вработување за 2024 година во повеќе училишта и предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Пазар“ – Охрид.
OhridNews