Нови улици на кои ќе се доделуваат канти за селектирање отпад со што се продложува реализацијата на проектот за селектирање на отпадот, со проширување на опфатот на покриеност на услугата. Кантите се донацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање и тоа жолти садови за депонирање отпад од пластика и сини садови за депонирање отпад од хартија.

Ј.П.„Охридски Комуналец” во соработка со Општина Охрид ќе започне со доделување на садови за отпад од пластика и хартија за домаќинства од улиците „Крали Марко” и „8-ми Март” во периодот од утре до сабота од 10.00 часот до 12.00 часот, информираат од претпријатрието.

Напоменуваат дека доколку при доделувањето на садовите за отпад од пластика и хартија, корисниците од горенаведените улици не се затекнат во своите домови, должни се до крај на месец февруари 2025 год. да ги подигнат од Р.Е.Механизација ул.,,АСНОМ” бб во работни денови 0од 8:00 часот -13:00 часот и да донесат лична карта и сметка од Ј.П.„Охридски Комуналец”.

OhridNews