Културно-историските монументи на Македонија продолжуваат да ме фасцинираат и воодушевуваат, Охрид се соочува со нови откритија што говорат за богатата историја на регионот, вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
На локацијата „Зарчевци“, веднаш до познатата црква Света Софија, археолозите открија остатоци од ранохристијанската базилика, каде што се истакнуваат убавината на крстилницата, како и зачуваните подни мозици и ѕидови со фреско декорација. На соседната локација „Манчевци“ веќе е завршена конзервацијата и презентирањето на сегмент од претходно откриените мозаични подови, ѕидови, столбови и арки, кои заедно со новите откритија создаваат единствена целина, посочува Љутков.
Овие археолошки наоди, потенцира, не само што се неми сведоци на нашата историја и култура, туку и важен дел од идентитетскиот код на Македонија.
Тие служат како инспирација за натамошни археолошки истражувања и поддршка на промоцијата на културното наследство пред домашната и меѓународната јавност, додава Љутков.
OhridNews