Кошаркарот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, презеде денеска целосна одговорност за инцидентот од големи размери што се случи на вториот четвртфинален натпревар од Евролигата против Партизан кој пред време заврши поради масовна тепачка меѓу играчите на двете екипи.
Преземам одговорност за катастрофата што се случи на паркетот, рече Љуљ по шокантните сцени на паркетот во мадридската сала.
Real Madrid – Partızan , Punter-Sergıo-Yabusele 😳 #EuroLeague #EuroLeaguePlayoffs pic.twitter.com/FD4a5FUD6K
— İlkaytkkc (@ilkaytkkc) April 27, 2023
Сè започна на една минута и 40 секунди пред крајот на дуелот, при недостижна предност на Партизан од 95-80, кога Љуљ жестоко со раката непотребно го удри кошаркарот на Партизан, Кевин Пантер. Кошаркарот на белградскиот тим реагираше на ударот, а тоа само означи почеток на масовна тепачка на паркетот во која учествуваа речиси сите играчи од двете страни.
Таквите сцени во ниту еден случај не смееше да се случат на кошаркарските паркети. Преземам одговорност за сè. За грубиот прекршок што го направив и за тоа што следуваше. Им се извинувам на сите, порача шпанскиот кошаркар.
Се огласи и кошаркарот на Партизан Пантер. Тој на социјалните мрежи напиша дека има разбирање за целата ситуација поради силните емоции. Го прифати извинувањето и порача дека екипите треба да се свртат кон кошарката.
Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ, изрази задоволство од предноста на неговиот тим од 2-0 во четвртфиналната серија во Евролигата против Реал и додаде дека масовната тепачка со која предвреме беше означен крај на синоќешниот втор натпревар во Мадрид не смее веќе да се повтори.
Партизан поведе со 2-0 во серијата до три победи, откако триумфираше со 95-80 во вториот натпревар, кој поради масовна тепачка меѓу играчите од двата тима беше прекината во самиот финиш.
Ова не е добра слика ниту за Реал, ниту за Партизан, тоа не смее веќе да се повтори. Играчите имаат емоции, но ова не смееше да се случи. Ќе се обидам да ги смирам сите, имам пријатели во Реал, тоа е голем клуб и сакам да се зборува само за кошарка, рече Обрадовиќ по натпреварот.
Дисциплинската комисија на Евролигата дополнително ќе се произнесе околу казните за играчите.
OhridNews