ГРК Охрид во недела му гостува на шампионот Е. Пелистер во Битола. Противникот силно се респектира, но „гладијаторите“ веруваат во себе и во можноста дека може да ја продолжат победничката серија во Супер лигата.

Во недела играме против шампионот на Македонија. Не очекува тежок натпревар за кој добро се подготвувавме. Мислам дека имаме добри шанси за победа и сигурно не одиме таму со бело знаме, туку да се бориме за нови два бода и да ја продолжиме победничката низа, вели десниот бек Никола Јукиќ.

 

Натпреварот РК Еурофарм Пелистер – ГРК Охрид се игра во недела, 13 октомври, во салата “Боро Чурлиевски” со почеток во 18:00 часот.

OhridNews