Во тек се активности за рехабилитација и поправка на државен пат Р1301, делница Охрид-Свети Наум, информираат од ЈП за државни патишта.

Делницата Охрид-Свети Наум со децении не беше рехабилитирана иако е еден важен крак од аспект на туризмот, но и крак кој не поврзува со соседна Република Албанија. Препознавајќи ја важноста на оваа делница ЈПДП издвои средства и презеде активности за поправка и рехабилитација на државниот пат Р1301 во должина од 24.3 км и изведувачот на работите Илинден Струга заедно со надзорот Институт за патишта Велес веќе работат и изведуваат градежни активности, ја чистат трасата, прават крпење и асфалтирање на дупки, подготвуваат асфалтирање на одреднеи секции на трасата и сл., информираат од претпријатието,

Додаваат дека вредноста на оваа инвестиција е 707,390,772,00 денари, а средства се обезбедени од буџетот на ЈПДП.

Рокот предвиден за изведување на градежните работи е до март 2025 -та.

OhridNews