Вкупниот прогрес на градежните работи за рехабилитација и поправка на регионален пат делница, Охрид – Св. Наум изнесува 75%, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.
Проектот опфаќа поправка и рехабилитација на државниот пат Р1301 во должина од 24.3 км, а изведувач на работите се Илинден Струга заедно со надзорот Институт за патишта Велес.
Вредноста на проектот изнесува 613,066,005 денари со средства од буџет на ЈП за државни патишта. Рокот предвиден за изведување на градежните работи е до февруари 2025 -та, велат од ЈП.
Делницата Охрид-Свети Наум со децении не беше рехабилитирана иако е еден важен крак од аспект на туризмот, но и крак кој не поврзува со соседна Република Албанија.
Н.С.Ј.