ЈП Вoдовод Охрид ги известува корисниците од населбата Охридати, дека настаната е контаминација на водата за пиење во и околу мерно место населба Охридати- Охрид.
Од страна на ЈЗУ ЦЈЗ – Охрид земена е повторно вода за анализа од ова мерно место и се додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу мерно место населба Охридати – Охрид, потенцираат од претпријатието.
OhridNews