Поради настанат голем дефект на водоводната мрежа (пукната е главната цевка со профил ф300 мм на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини Извори), моментален прекин во водоснабдувањето има на поголема територија од централното градско подрачје, информира ЈП Водовод Охрид.

 

За краток временски период водоснабдувањето ќе се нормализира а прекин ќе има само на улиците: „Кеј Македонија„, „Партизанска“ и дел од АСНОМ.

Екипи на јавното претпријатие се излезени на терен и додека дозволуваат временските услови ќе се работи и во текот на ноќта, во спротивно со работа ќе се продолжи во раните утрински часови, соопшти пред малку ЈП Водовод.

Г.М.