Под слоганот „Вода за мир“ денес се одбележува Светскиот ден на водата во целиот свет, со фокус на критичната улога што водата ја игра во стабилноста и просперитетот на светот, велат од ЈП Водовод Охрид.

Претпријатието кое е основано за производство, обработка и дистрибуција на чиста вода за пиење, ја игра главната улога во спроведување на овие акции и во иднина ќе придонесува со инвестирање во нови капацитети, со цел намалување на загубите и зголемување и подобрување на квалитетот во водоснабдувањето во Охрид и околината.

Потенцираат дека одбележувањето е во насока на подигање на свеста за важни прашања поврзани со водата и инспирира акција за справување со кризата со вода.

Кога водата е дефицитарна или загадена, или кога луѓето имаат нееднаков или никаков пристап, тензиите може да се зголемат меѓу заедниците и земјите. Повеќе од 3 милијарди луѓе ширум светот зависат од водата што ги преминува националните граници. Сепак, од 153 земји кои споделуваат реки, езера и водоносни слоеви со нивните соседи, само 24 земји имаат договори за соработка за целата нивна заедничка вода.

Истакнуваат дека како што се зголемува влијанието на климатските промени и расте глобалната популација, мора да се обединиме околу заштитата и зачувувањето на нашите најскапоцени ресурси.

Работејќи заедно за да се балансираат човековите права и потреби на сите, водата може да биде стабилизирачка сила и катализатор за одржлив развој, додавата од ЈП Водовод Охрид.

OhridNews