Екипи на ЈП Охридски Комуналец спроведоа вонредни акции за зелен и кабаст отпад. Велат граѓаните тешко ги менуваат своите навики покажувајќи ја само ниската еколошка свест.

И покрај нашите редовни акции според годишниот календар за 2023 год., кои на транспарентен начин навремено се објавуваат за полесно да допрат до граѓаните од секоја урбана заедница, секојдневно сме соочени со расфрлање на отпад и создавање мини депонии во секое урбано катче, потенцираат.

Додаваат дека екипи на претпријатието изминативе денови реализираа вонредни акции за подигање зелен и кабаст отпад од улиците „Петрино“, „Радојца Новичиќ“, „28.ми Април“, „Мирче Ацев“ и „Галичица“ од каде се подигнати 64 м3 отпад.

OhridNews