Заради санација на состојбата на депонија Мауцкер после подметнатиот пожар истата нема да работи до среда, 31 август, информираат од ЈП „Охридски Комуналец”.

Нашите служби ги превземаат сите неопходни активности за гаснење на пожарот и нормализирање на состојбата. Опожарениот дел се покрива со повеќе слоеви земја кои во континуиран период од настанување на жариштето се транспортираат и нанесуваат во депонијата, велат од претпријатието.

OhridNews