ЈП „Охридски Комуналец” ги известува жителите од улиците „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска” и „Железничка” дека утре и во сабота ќе врши доделување на садови за отпад од пластика и хартија, за корисниците кои до овој момент не ги подигнале садовите.

Доколку при доделувањето на садовите за отпад од пластика и хартија, корисниците од горенаведените улици не се затекнат во своите домови, должни се да ги подигнат од Р.Е.Механизација ул.„АСНОМ” бб (работни денови 08:00 часот -13:00 часот и да донесат лична карта и сметка од Ј.П.„Охридски Комуналец” ), напоменуваат од претпријатието.

Во декември минатата година, потсетуваат, започна дистрибуцијата на 120 литарски садови за депонирање на селектиран отпад при што беа поделени 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства од улиците „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска” и „Железничка“.

OhridNews