ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени.

Овие наводи се целосно невистинити и создаваат непотребна загриженост кај корисниците на нашиот објект. Нашата спортска сала работи согласно сите прописи за безбедност и заштита. Објектот поседува план, правилник и проценка за заштита од пожари и други непогоди, кои строго се почитуваат. Сите излези се функционални и лесно пристапни во секое време. Дополнително, хидрантите и противпожарните апарати се редовно сервисирани и во целосна исправност, што може да се потврди со соодветна документација, посочуваат од претпријатието.

Во прилог на информацијата велат се и фотографиите кои ја докажуваат вистинската состојба на спортската сала.

ЈП „Билјанини Извори“ ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени

OhridNews