Светиот крст во Струга годинава кај 32 годишниот стружанец Јован Рафтоски. Тој беше најсреќниот меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим. Вели прв пат го фаќа крстот, а бидејќи бил искусен нуркач и пливач разбрануваните и заматени речни води не биле проблем прв да стигне до него.
Скокам пет – шест години, а годинава прв пат го фаќам крстот. Заматените води не ми претставуваа проблем бидејќи сум искусен нуркач и пливач, изјави Рафтоски, кој верува дека фаќањето на светиот крст ќе му донесе среќа и успех.
На Богојавлнската манифестација во Струга покрај големиот број верници присуствуваа и градоначалникот Рамис Мерко, како и претставници од власта и опозицијата.
И министерката за одбрана Славјанка Петровска, придружувана од државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска присуствуваа на положувањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга.
Осветувањето на водите низ целата држава денеска, што го чествуваат сите христијански верници, не потсетува дека само со единство, слога и добра мисла, со взаемна поддршка и поттик, сите ќе бидеме подобри луѓе и затоа да имаме верба во чесното, доброто и праведното, потенцираше министерката Петровска.
Петровска упатила честитки до сите граѓани што го прославуваат денешниот голем христијански празник Богојавление Водици, посакувајќи им мир, хармонија, љубов, здравје, напредок за секое семејство и духовно спокојство за сите.
OhridNews