Ракометарите на Охрид во сабота гостуваат во Кавадарци, каде во рамки на 15 коло од Супер лигата ќе ги одмерат силите со ракометарите на Тиквеш.

Пред нас е претпоследниот меч во оваа полусеозна против Тиквеш во Кавадарци и веруваме во победа. Ова ќе биде едно од најтешките гостувања и мораме да бидеме максимално сконцентрирани доколку сакаме да ги освоиме сите бодови. Максимално ја респектираме екипата на Тиквеш и се подготвуваме со целосен фокус, вели средниот бек на ГРК Охрид, Ловро Јотиќ.

Натпреварот се игра во салата „Јасмин“ на 14 демеври со почеток во 18 часот.

Н.С.Ј.