Општина Охрид објави јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација.
Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2024 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот.
Спортот и неговата врска со образованието, здравството, социјалата, економијата, туризмот, животната средина, промоцијата и афирмацијата на градот ни дава за право, но и обврска да направиме максимум напори за да се поддржи и помогне целокупниот негов развој. Придобивките и ефектите на спортот врз секоја индивидуа и целиот град се основа за нашата максимална посветеност во унапредувањето на нашиот јавен и општествен интерес на градот, се посочува во јавниот повик.
Јавниот повик е отворен до 25.01.2024 година до 14.00 часот, а повеќе и информации има на линкот.
Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори”- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за давање согласност на Oдлуката за утврдување цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори-Охрид“ бр.08-804/10 од 30.01.2023 година, објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП „Билјанини Извори”-Охрид.
Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на Ј.П.„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2025 заклучно со 31.12.2025 година, се посочува во повикот.
Повеќе детали за јавниот повик на линкот.
OhridNews