Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР, во рамки на Проектот OHRID GO, организира Јавна расправа за „Физибилити студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко – рекреативна зона“.
Расправата ќе се одржи на ден 15.12.2023 година во 12:00ч, во големата сала на Општина Охрид.
Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на драфт верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии и сл, велат од Општина Охрид.
Драфт финалната верзија на Физибилити студијата може да се преземете во електронска верзија на линкот.
OhridNews