Советот на Општина Охрид на вчерашната одржана седница ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2024 година.
Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на општина Охрид, информираат од Општина Охрид.
Јавниот увид трае 10 дена почнувајќи од 01.12.2023 год. Повеќе детали за нацрт програмите на линкот.
OhridNews