Општина Охрид за учебната 2024/2025 година ќе додели стипендии на ученици во основно и средно образование, како и на студенти, магистранти и докторанти кои се лица со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид.

Право на стипендија имаат лицата кои се жители на Општина Охрид, редовни ученици, студенти, запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватни училишта и универзитети во РМ, да се пациенти со ретки болести и посебни потреби категоризирани со наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфични потреби, издадено од страна на центрите или други институции кои го утврдуваат тоа и да не повторувале година во текот на своето образование.

Стипендиите се доделуваат за 9 месеци во текот на една учебна година, а ќе се исплатат во текот на 2025 година. Износот на стипендијата изнесува 2.000,00 денари за учениците со ретки болести и посебни потреби во основно и средно образование и 3.000,00 денари за студентите, магистрантите и докторантите на државните и приватни универзитети во Р.Македонија. Стипендиите се неповратни, се посочува во Јавниот повик.

Повеќе детали на линкот.

OhridNews