Општина Охрид објави јавен повик за користење на финансиски средства од буџетот за субвенционирање даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам.

Целта на субвенционирањето на оваа категорија на даватели на туристички услуги е подобрување на квалитетот на туристичката понуда кај луѓето од руралните средини кои меѓусебно соработуваат со цел да се постигне одржлив развој на туризмот со одржлив економски пораст, кој носи економска корист во микрозаедницата, посочуваат од Општина Охрид.

Сите регистрирани даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам, согласно повикот, треба да поднесат барање за користење на финансиски средства од овој повик.

Истиот ќе биде на сила до исцрпување на финансиските средства определени според Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2025 година, точка 2.2 Субвенционирање на физички лица вршители на туристичка дејност.

Повеќе информации на линкот.

OhridNews