Општина Охрид објави јавен повик за пријавување на кандидати за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид.

Кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возач треба предходно да завршат обука за авто такси возач и за истата да им се издаде потврда за завршена обука од правното лице за вршење на обука овластени од Градоначалникот на Општина Охрид. Трошоците за обука и за издавање на сертификатот за авто такси возач во Општина Охрид се на терет на пријавените кандидати, посочуваат од Општина Охрид.

Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои поседуваат Потврда за завршена обука издадена од правното лице овластено од Градоначалникот на Општина Охрид и поседуваат возачка дозвола (Б категорија).

Датум  на кои ќе се одржи испитот  за полагање на сертификат за авто такси возач е 1 ноември  (петок) 2024  год. во 10.00 часот, а рокот за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи е најдоцна еден ден пред закажаниот термин на одржување на испит, потенцираат од Општина Охрид.

Повеќе детали за јавниот повик на линкот.

OhridNews