Општина Охрид ќе врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2025 година, заклучно со 31.12.2025 година.

Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа намена се предвидени 2.300.000,00 денари.

Вкупниот износ на субвенција ќеизнесува 703,00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:
• Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 83 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавување.  Повеќе детали на линкот.

OhridNews