Општина Охрид преку секторот за Туризам и локален економски развој организира обука за поддршка за жени претприемачи во општина Охрид.

Оваа обука која ќе се одржи во месец април 2025 година со место на одржување во Касарна HUB – Охрид, има за цел да ги зајакне капацитетите на жените преку стекнување на нови знаења и вештини во областа на деловно планирање и претприемништво. Обуката ќе им помогне на жените од општина Охрид кои сакаат да започнат свој бизнис или веќе управуваат со сопствен бизнис не повеќе од три години, се посочува во Јавниот повик.

На обуката ќе бидат опфатени теми за тоа како се утврдува проодноста на деловна идеја, подигнување на капацитетите за деловно планирање, креирање на нови производи и услуги, нивна промоција и пласирање на пазар, подобрување на квалитетот на животот на жените преку економско зајакнување, инклузија на жените во општина Охрид, како и мрежување и поврзување на жени претприемачи. Учесниците по завршувањето на обуката ќе се стекнат со сертификат.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на контакт тел. 070 841 266 или преку испраќање на пријава на [email protected].

Повеќе информации на линкот.

OhridNews