Министерството за образование и наука го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.
Се повикуваат сите ученици во основното и средното образование кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта: да се државјани на Република Северна Македонија, да се редовни ученици во основното, односно средното образование и да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, се наведува во повикот.
Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан, а при пријавувањето, треба да ги пополнат обрасците за: основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател; за средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател.
Потребни документи:
- Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата
- Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели
- Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија
- Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда
- Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен чек од пензија
- Доколку е дете на невработен родител доказ- потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надоместокот
- Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка за користење на финансиска поддршка во износ од 1 800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари.
Рокот за пријавување е од 18 до 24 декември 2023 година. Повеќе детали на ЛИНКОТ.
OhridNews