Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2025 година ќе поддржи предлог идеи на правни лица кои вршат дејност од јавен инетерес од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, фондации и слично, регистрирани на територија на општина Охрид кои се занимаваат со активности од областа на создравствената и социјалната заштита, со цел намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби чии активности се на територјата на општина Охрид, кои ќе придонесат за побогат и поквалитетен живот на лицата со посебни потреби, ограничени можности и семејства од социјален ризик.

Предлог проектите треба да се однесуваат на активности од областа на здравствената и социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Охрид во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности,а се со единствена цел поквалитетна и потранспарентна постапка за изработка на програмата за социјална заштита за 2025 година. Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на здравствената и социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид, се посочува во повикот.

Согласно законската регулатива, Општина Охрид како единица на локалната самоуправа води активна политика на обезбедување услови и превземање системски активности за социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до 28.11.2024 година до 15.00 часот. Повеќе информации на линкот.

OhridNews