На Тетовскиот универзитет утврден е нелегален избор на двајца наставници, нерегуларности има и на „Апостол Павле“ и во Струга каде е заворен смерот за медицински науки., открива министерката за образование, Весна Јаневска во интервју за Радио Слободна Европа – РСЕ. Образованието заслужува оценка единица, вели Јаневска и најавува нови наставни методи.

Весна Јаневска

Пред неколку дена како што изјави премиерот Мицкоски, завршиле инспекциските надзори во дел од универзитетите, а министерката Јаневска потврди дека проблеми и пропусти постојат.

Тоа се повторно процеси коишто траат и кои сè уште се во фаза на анализа затоа што и Законот за просветна инспекција дава одредени насоки како треба да се работи. За некои пропусти се вели дека треба да се отстранат во одреден рок, потоа Државниот просветен инспекторат оди да провери дали се отстранети или не се. Повторно ја прави проверката, ако се отстранети следи нов извештај. Ако не се отстранети следат некакви пенали и во моментов за два случаи имаме т.н. порамнување кога универзитетот треба да плати казна. Порамнувањето го прави МОН за казната да биде помала. Значи во моментот се случуваат такви два процеси. Затворивме два научни институти и мислам дека во брзо, во најскоро време, ќе затвориме уште два, изјави Јаневска.

Прашана дали можебио ќе се затворат универзитети, Јаневска во интервјуто за РСЕ истакна дека во овој момент не може да тврди такво нешто, но инспекцискиот надзор ќе каже што ќе треба да се направи тогаш кога ќе биде завршен.

Целото интервју на министрката за образование Весна Јаневска прочитајте го тука.

OhridNews
Извор: РСЕ