Наскоро ќе имаме и нов Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Работна група составена од претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и СОНК работи на подготовка на ново нацрт законско решение со кое ќе елиминираме многу предизвици кои актуелниот закон не ги надминува. Потоа ќе следи јавна расправа, така што секој заинтересиран ќе има можност да придонесе кон усвојување на најдобрата верзија на законот, посочува Јаневска.
Со забрзано темпо и со вклученост на сите засегнати страни, вели, се создава новата правна регулатива во образованието, која ќе биде основа за градење на поквалитетен образовен систем.
OhridNews