Охридскиот боксер Димитар Ѓорески имаше успешен настап во петтото коло од Опен Балкан купот кој минатиот викенд се одржа во Краљево.

Во категоријата до 63 килограми јуниори со убедливи 5:0, Димитар го совлада српскиот боксер Стефан Врбиќ од екипата на Слобода – Ужице.

Останатиот дел од oхридската екипа поради болест не отпатуваа на натпреварот.

Следниот настап на боксерите од клубот на Алексо Огненовски е на 3-ти март во Тирана после кој ќе заминат на припреми на Авала – Белград, за успешно да го дочекаат крајот на првата сезона на Балкан Опен.

Последното коло и големото финале заедно во склоп на меморијалниот турнир “Алексо Огненовски” ќе се одржи во Охрид на 11 и 12 мај.

OhridNews