Во недела не очекува еден тежок натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер во Битола, една одлична екипа која се натпреварува во Лигата на шампионите, која игра брз и модередн ракомет, вели голманот во ГРК Охрид, Даниел Ѓорѓески.
Максимално се подготвуваме за овој натпревар, работиме напорно и мислам дека ќе биде еден незивесен и борбен натпревар до самиот крај, додава Ѓорѓески.
Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.
OhridNews