Во среда не очекува тежок натпревар против екипата на Алкалоид со која имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона. Ова е многу важен натпревар за двете екипи. Имаме неколку повредени играчи. Се надевам дека тие кои ќе излеземе на терен ќе дадеме максимум за да оствариме победа. Средбата ќе ја одлучи добра одбрана и што помал број на технички грешки, вели голманот на ГРК Охрид Даниел Ѓорѓески.
Натпреварот се игра во салата „Билjанини извори“ со почеток во 18 часот.
OhridNews