Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс (САД).
Србинот ноќеска во третото коло загуби од Италијанецот Лука Нарди во три сета – 4:6, 6:3, 3:6. Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,2 милиони долари.
Дваесетгодишниот Италијанец Лука Нарди, победата над Ѓоковиќ во третото коло на турнирот во Индијан Велс ја нарече чудо. Тој посочи дека по овој триумф на Мастерсот во Индијан Велс станал познат низ целиот свет.
Пред овој натпревар никој не ме познаваше. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Јас сум многу среќен. Не знам како успеав да издржам и да не се нервирам. Мислам дека се случи некакво чудо затоа што 20-годишен дечко, број 100 во светот, го победи Новак. Ова е лудило. Не очекував да победам денеска, но се обидов да дадам се од себе и го направив тоа, изјави Нарди по натпреварот.
Противник на Нарди кој е 123-та на светското рангирање, во четвртото коло на турнирот ќе биде Американецот Томи Пол.
OhridNews