Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион! Во големото финале во Париз, српскиот тенисер го совлада Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).

Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ. Први во кои играше финале. И оние каде што го оствари сонот за златен медал.

Како најстар финалист во историјата на олимпискиот турнир, денеска го победи најмладиот финалист – Карлос Алкараз, во борбата за најголемото спортско одличје.

Ѓоковиќ сега му се придружи на ексклузивниот клуб во кој се уште Серена Вилијамс, Рафаел Надал, Андре Агаси и Штефи Граф, како единствени тенисери кои ги освоиле сите четири Грен слем турнири и Олимписките игри.

OhridNews