ГРК Охрид со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во Супер лигата. Во рамки на 14 коло од А групата, вечерва, ГРК Охрид на гости го совлада ГРК Вардар Неготино 21:27, полувреме 09:12.
Победата на Охрид не беше доведена во прашање во ниту еден момент. Гостите константно беа во водство, но вардарци не се предаваа. Постојано го бркаа резултатот, но нивниот отпор конечно беше скршен во финишот за +6 во корист на Охрид на крајот.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Бојаниќ со 6 и Кастратовиќ со 5 гола. Миленковиќ на голот забележа 17 одбрани. Кај Вардар Н. Петре Пеовски постигна 8 гола.
„Гладијаторите“ заедно со шампионот Вардар, Алкалоид и Бутел патуваат во плеј-офот, кој ќе почне по зимската пауза.
Во плеј-аутот од А групата ќе играат Струга, Прилеп, Вардар Неготино и Куманово.
Г.М.