Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/2022 година и доставиле анекси кон нивниот договор за изедначување на стипендијата, ќе може да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретоактивна исплата на разликата до зголемената стипендија за академската 2021/2022 и за дел од 2022/2023 година.
Износот на разликата за студентите ќе се надомести преку две исплати, односно еден дел ќе им биде префрлен на трансакциските сметки во октомври 2023 година, а вториот дел во февруари 2024 година. Додека за учениците износот на разликата до зголемените стипендии ќе се исплати во октомври 2023 година, соопшти Министерство за образование и наука.
МОН напомнува дека спогодбите ќе можат да ги потпишат само оние ученици односно студенти кои доставиле анекси на договорите за стипендија до Министерството за образование и наука во предвидениот рок.
OhridNews