На Светскиот ден на водните живеалишта, денескa во Општина Дебрца беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016” за изработка на Студија за стратешки развој на Eкотуризам во Општина Дебрца.

Договорот го потпишаа претставувано од координаторот на „Екотуризам 2016 Ѓоко Зороски и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.

Во наредниот период предвидено теренско, како и истражување со интервјуа, анкети и консултации и организирање на настани со жителите на општината за навремена и квалитетна изработка на студијата, информира Здружението.

Со изработката на Студија за стратешки развој на Eкотуризмот ќе бидат опфатени можностите за развој на екотуризмот – како гранка за економски развој во општината како и сите постоечки и можни нови какапцитети кои ќе придонесат за развој на овој вид туризам во општината, а ќе бидат опфатени и нови проекти кои во наредниод период ќе треба да ги спроведува Општината, за забрзан развој на екотуризмот како форма за целокупен развој, се наведува во соопштението.

OhridNews