Јувентус е подготвен да го замени српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ за белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку.
Претходно торинскиот клуб ја одби првата понуда на Челзи за трансфер на српскиот напаѓач. Лондонци понудија околу 60 милиони евра.
Сепак, Јувентус го известил Челзи дека ќе ја намали цената на Влаховиќ на 25 милиони евра доколку Ромелу Лукаку биде вклучен во зделката, објави „Corriere dello Sport“.
Лукаку минатата сезона ја одигра во Интер како позајмен играч. Белгиецот има желба да остане во клубот од Милано, но финансиските проблеми на Интер се пречката за трансферот.
OhridNews