Јавната установа НП „Галичица“ денес потпиша тригодишен договор со Фондот за природа ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust).
За крај на оваа успешна година која ја имаше нашата институција во НП Галичица се реализираше новиот тригодишен договор со Фондот за природа ПОНТ на кој посветено и тимски работевме со премногу вложен труд. Овој договор подразбира тригодишен грант со кој нашата установа се искачува директно на врвот во нашата земја и е највреден потпишан договор во досегашното работење на Јавната установа Национален парк Галичица, велат од Установата.
Со овој договор, потенцираат, ќе се обезбедат подобри услови за управување и заштита на природата, подобрување на условите за туризам и еколошката едукација.
OhridNews