Со гордост и радост вчера беа доделени јубилејни награди на 15 вработени здравствени работници и соработници во ЈЗУ Општа болница Охрид, по повод 40, 30, 20 и 10 години работен стаж во болницата, информираат од установата.

Со секој изминат миг, ЈЗУ Општа болница Охрид ја гради својата историја со посветеност и одданост кон здравствената заедница на Охриѓани и сите посетители, се вели во соопштението.

Денес беа доделени јубилејни награди на здравствени работници и соработници кои дале огромен придонес со својата професионална и чесна работа како за болницата така и за целиот регион. Ова е мало внимание до сите нив кое се надеваме ќе прерасне во традиција, истакна директорот на болницата д-р Асен Шајн.

Им честитаме на наградените, кои се пример за извонредност и посветеност во нивната работа, истакнуваат од болницата.

OhridNews