ЈП Водовод Охрид ги известува корисниците кои живеат во и околу мерни места Пазар и Орман-Село-Охрид, дека при санирање на дефект настаната е контаминација на водата за пиење во и околу овие мерна места.
Од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид земена е повторно вода за анализа од овие мерни места и се додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу мерни места Пазар и Орман-Село-Охрид, велат од претпријатието.
OhridNews