ЈП „Градски гробишта“ опремено со ново транспортно возило. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на денешната промоција посочи дека продолжува опремувањето на јавните претпријатија со потребната механизација и возила.

Нашата замисла и цел е општинските јавни претпријатија да поседуваат сопствена механизација и возила како би се подобриле ефикасноста и експедитивноста во реализацијата на проектите, а дополнително би се намалиле средствата кои се одвојувале за ангажирање на ваква механизација, вели Пецаков.

Потенцира дека полека ЈП „Градски гробишта“ прераснува во претпријатие кое има една од најдобрите гредежни оперативи.

OhridNews